НАСА откри планета која би можела да биде нашиот иден дом

Американската вселенска агенција НАСА, откри планета слична на нашате планета и која ги има условите за да биде наш иден дом. На планетата НАСА и го даде името „GJ257d“, но истражувачите и додадоа надимак Супер Земја, поради претпоставките дека на неа владејат слични услови како и на Земјата.

Оваа новооткриена планета е многу поголема од нашата планета.

„Многу сме возбудени затоа што мислиме дека оваа е првата блиска Супер Земја, на која би можеле луѓето да живеат“, навела Лиса Калтенгер, раководител на ова истражување.

„Поради густата атмосфера на планетата „GJ257d“ може да ја задржи водата на својата површина, како и Земјата. Научниците се надеваат дека во наредните снимања ќе успеат да забележат и некакви знаци на живот.

Дијана Косаковски од Институтот за астрономија „Макс Планк“ во Хајделберг, која е коавтор на посебниот труд од областа за астрономија и астрофизика, смета дека новооткриената планета се наоѓа на надворешната орбита околу својата ѕвезда и до неа допира приближно истиот износ на енергија кој што допира до Марс од Сонцето.

„Доколку планетата има густа атмосфера, нешто што ќе биде утврдено во наредните истражувања, би можело да се задржи доволно топлина за да се загрее истата и да се овозможи на нејзината површина да има течна вода“, наведува Косаковска.

Недалеку од „GJ357d“ се наоѓа и „GJ357b“, која се нарекува „Жешка Земја“ и која за околу 22% е поголема од нашата планета. Тука е и „GJ357c“ која е најмалку 3,4 пати поголема од Земјата.

Научниците сметаат дека овие две планети се прежешки за да може да има успешен живот на нив. Но, „GJ357d“ би можела да има совршени услови за продолжување и опстанок на животот.

Самото сознание дека на планетата може да постои течна вода ги мотивира научниците да пронајдат начин да откријат дали на неа има знаци на живот.

 

Scroll to Top