НАСА откри вода на Месечината

Од НАСА открија дека пронашле вода на Месечината. Научниците дошле до џебови со вода, кои во иднина би можеле да им ги олеснат мисиите на астронаутите.

Водата првпат е пронајдена со помош на телескопот „Софија“, изјавил администраторот на НАСА, Џим Бриденстајн, на својот твитер-профил.

Ова истражување покажува дека водата би можела да се дистрибуира на целата површина на Месечината.

Ова откритие е голем чекор напред во мисијата за истражување на остатокот од Сончевиот систем, но се поставува прашањето како точно водата стигнала на површината на Месечината и како останала во состојба да ги преживее тешките услови на Земјиниот сателит.

Научниците претходно сметале дека каква било количина вода на површината на Месечината ќе биде изгубена, но се чини дека таа е присутна насекаде, а не само во деловите што се скриени од Сонцето.

 

Scroll to Top