НАСА планира да испрати астронаути на Месечината во 2024 година

By

НАСА објави извештај во кој детаљно ги наведува научните приоритети за „Артемис 3“, мисија во која е предивдено да бидат испратени астронаути на Месечината во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Една од целите на оваа мисија ќе биде собирање примероци од Месечината, поточно 85 килограми камења. Со тоа оваа мисија ќе го подобри рекордот од 1969 и 1972 година кога астронаутите се вратија со камења од Месечината со вкупна тежина од 64 килограми.

Томас Курбухен, соработник администратор на Директоратот на НАСА за научни мисии, изјавил дека Месечината има огромен научен потенцијал и астронаутите ќе бидат тие што ќе помогнат да се истражи таа.

„Овој извештај помoгна да се скицира патот кон убедувањето на науката дека сега можеме да замислиме како работиме на Месечината во соработка со човечки истражувачи“, изјавил Томас.

Мисијата „Артемис 1“, која треба да почне пред крајот на 2021 година, вклучува тест на вселенски лансиран систем и беспилотно летало „Орион“.

Се очекува „Артемис 2“ да вклучува и пробен лет со екипаж, лансиран во орбитата во 2023 година, иако тоа нема да подразбира слетување на Месечината.

Но, „Артемида 3“ ќе испрати астронаути од кои барем еден од нив ќе биде жена. Астронаутите ќе слетаат на Месечината во 2024 година.

Извештајот, кој беше објавен во понеделникот, открива дека НАСА има зацртано седум научни цели за мисијата „Артемис 3“ вклучувајќи и разбирање на планетарните процеси.

Астронаутите на НАСА ќе останат на Месечината, најмногу шест и пол дена. Извештајот исто така нуди ресурси за планерните мисии, кои ќе ги развиваат своите активности на површината.

Меѓу препораките на експертите е да се воспостави врска со податоци и видеа во живо со тимот за научна поддршка на Земјата за поддршка на астронаутите.

Тие исто така предлагаат развој на полесни научни инструменти, кои може да направат повеќе истраги. Покрај тоа, НАСА треба да размисли и за предпозиционирање на научните средства во близина на местото за слетување „Артемис 3“.

„Ова може да се состои од инертно складирање алатки и инструменти до кои екипажот би можел да пристапи по пристигнувањето на едно или повеќето пристаништа за инструменти или ровери за следење на животната средина”, стои во извештајот на НАСА.

Вселенската агенција на крајот планира да воспостави базен камп „Артемис“ на Месечината пред крајот на оваа деценија. Иако за овој амбициозен план ќе бидат потребни десетина милијарди долари, Џо Бајден и Конгресот веќе дадоа зелено светло.

Конгресот ќе мора да потпише финансирање на проектот што претседателот Доналд Трамп го одреди како главен приоритет.

Ќе ви се допадне