Наставничка научила 35 јазици за да може да се разбере со учениците

Британката Андрија Зафирако ја освоила наградата за најдобра наставничка на светот. Со почесната титула добила и еден милион долари.

Андрија предава уметност и текстил во државното училиште во Алпертон, место што се наоѓа во сиромашен и мултиетнички дел од градот Лондон. За да може да комуницира со своите ученици и нивните родители, Андрија ги научила основните 35 јазици што се говорат во училиштето.

„Секоја култура што можете да ја замислите, постои во ова училиште. Тука се говорат 35 јазици. За речиси 85 отсто од нашите ученици, англискиот јазик е дополнителен“, изјавила Андрија.

Андрија вели дека училиштето им помага на учениците да развијат свои вештини и да постигнат самопочит.

Алпертон е едно од најсиромашните места во Британија.

„Учениците се поврзани со бандите и постојано има насилството “, истакнала наставничката и додала дека повела иницијатива за формирање боксерски клуб во рамките на училиштето.

Боксот помага учениците квалитетно да го потрошат времето, да ги научат основите на самоодбрана, да работат на својата самопочит и поретко да бидат навечер на улица.

Нејзините ученици истакнуваат дека Андрија внимава на нив како што тоа го прави секоја мајка.

 

 

Scroll to Top