Натпреварувачка во квизот „Потера“ не го знаеше одговорот на прашањето за Тоше Проески

Натпреварувачката Морана Зибар, во квизот „Потера“, не го знаеше одговорот на едно од прашањата за пејачот Тоше Проески. Таа изгуби иб го заврши учеството, кога рече дека не знае чија е статуата во Нова Градишка, која малку личи на Рик Естли, а малку на Тома Здравковиќ.

„Не знам“, одговори Зибар, која потоа се сети дека на тоа место загина Тоше.

Стауата беше поставена во октомври годинава, а ја направи вајарот Славко Буниќ. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ, граоначалникот на Крушево, Томе Христовски и македонскиот амбасадор Милаим Фетаи.

Статуата брзо стана предмет на потсмев кај многумина, затоа што не личи на Тоше. За потсетување, Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година, во несреќа на автопатот кај Нова Градишка.

(Галерија) Свечено откриен споменикот на Тоше Проески во Хрватска: Статуата е симбол на пријателството меѓу Крушево и Нова Градишка

Scroll to Top