Научниците симулираат живот во вселената

Астронаути користат сонди, дронови, роботски ровери и стакленик на надувување за да извршат 19 експерименти.

Групата астронаути ќе мине месец дена во изолација во пустината Џофар во Оман, за да може колку е можно подобро да се подготви за идните мисии на Марс.

Целта на овој експеримент е да човештвото се оспособни за живот на Црвената планета во иднина. Гледајќи од вселената, пустината изгледа како големо пространство на кафеава боја, во која едвај да живеат неколку животни и билки, затоа што температурата лесно може да достгине и до 51 степен целзиусов.

На источната страна на пустината се наоѓа Оман базата, која изгледа како надуван балон тежок 2,5 тони, околу која се наоѓаат контејнери со лаборатории. Повеќе од 200 научници од 25 земји спроведуваат експеримент за која агенцијата НАСА тврди дека ќе доведе до тоа да во наредните 15-20 години на Марс ќе испрата човечка мисија.

„Оваа пустина има многу сличности со Марс, како што се структурата на сендиментните карпи кои потекнуваат уште од периодот на палеоцен или еоцен, куполите сол или коритата со древни реки. Местото нуди широк спектар на песок и карпеста површина“, вели портпаролот на мисијата Катрик Кумар.

Експериментот ќе трае до 28 февруари. Се води голема трка околу тоа кој ќе испрати прв човечка мисија на Марс.

Освен НАСА, во трка за уште вселенски агенции од РУсија и Кина, како и милијардерот Илон Маск, кој неодамна лансираше најголема ракета во вселената.

 

 

Водачот на експериментот е доктор Гернот Гремер, кој на Земјата водеше 11 научни мисии на симулации, со услови кои беа идентични како во вселената.

Scroll to Top