Научниците создадоа вакцина против наркоманија

Истражувачи од Националниот центар за воена медицина во Америка успеале да создадат лек што може да го блокра дејствувањето на хероинот.

Супстанцијата што ја откриле веќе успешно била тестирана на животни, како лабораториски глувци и стаорци.

Резултатите може да се најдат во научното списание Journal of Medicinal Chemistry.

Во супстанцијата посојат антитела кои имаат цел да го спречат движењето на опојните молекули низ крвно-мозочната бариера.

За зависниците ова значи дека, без оглед на примената доза, тие нема да ги доживуваат психоактивните ефекти на лекот.

Истражувачите велат дека новиот лек не само што го спречува хероинот да стигне до мозокот, туку и на други опијати. За да ги завршат тестовите, на научниците ќе им требаат веројатно неколку години.

Scroll to Top