Научниците тврдат дека сателитот на Сатурн, Титан ги има истите услови за живот како и Земјата

Најголемиот природен сателит на планетата Сатурн, Титан е многу сличен со Земјата, велат научниците од Калифорнискиот технолошки институт Caltech. Групата предводена од Розали Лопес соопштила дека сателитот Титан има езера и планини, а неговата површина и избраздена од истите сили кои ја обликувале и Земјата.

„Неговата надворешност е видлива. И покрај разликата во материјалите, температурата и гравитационото поле, меѓу Земјата и Титан, многу облежја покажуваат дека нивните површини се слични. Тоа може да се интерпретира како производ на исти геолошки процеси“, велат научниците во списанието Nature Astronomy.

Користејќи радар и податоци кои ги има собрано сондата „Касини“, која се сруши на Сатурн во 2017 година, по 20 годишна мисија околу него, научниците успеале да ги пополнат празнините и да го мапираат Титан, кој е оддалечен 1,2 милијарди километри од Земјата.

Дините и езерата на Титан се релативно млади, додека планинските предели се постари, велат научниците. Површината на Титан е обликвуана со дини на екваторот, висорамнини на средните географски ширини и езера на половите. Подрачјата околу екваторот се суви, а околу половите е влажно.

Како и во случајот со Земјата, површината на Титан е избраздена со кратери, ерозија, поместување на тектонските плочи и можните вулкански активности.

 

„Освен Земјата, Титан е единственото познато небесно тело со течни површини“, вели Алис Ле Гал, една од членовите од групата научници.

Таа појаснила дека метанот на многу ниски температури се јавува во три состојби, цврста, течна и гасна и на Титан создава циклус каков што има на Земјата, сличен на дожд, со кој се создаваат реките и езерата, а потоа преку испарувањето, повторно ги обликува облаците.

 

 

Scroll to Top