Навални, Трамп и Грета Тунберг меѓу предложените за Нобелова награда за мир

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, Светската здравствена организација (СЗО) и активистката против климатските промени, Грета Тунберг, но и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се дел од кандидатите номинирани за годинашната Нобелова награда за мир.

Според агенцијата „Ројтерс“, норвешките застапници ги предложиле Грета Тунберг, Навални и СЗО, како и нејзината програма „Ковакс“ која беше формирана за да се овозможи пристап до вакцините против Ковид-19 и на сиромашните земји каде што има ниски примања.

„Меѓу другите кандидати се Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цепкало, три Белорусинки истакнати во борбата за слободни избори преку мирен отпор“, рече норвешкиот предлагач, Гејир Сигбјерн Тоскедал.

Освен нив, номинирани се и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Северноатлантската алијанса (НАТО) и Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

Предлозите за номинација на истакнати поединци и организации можат да ги достават илјадници луѓе ширум светот, од парламентарни претставници до поранешни добитници, а овие номинации не значи дека ќе бидат поддржани од Нобеловиот комитет.

Норвешките застапници прогласуваат конечен победник секоја година од 2014. Норвешкиот комитет за доделување Нобелова награда, кој одлучува за добитникот, не ги коментира номинациите, и 50 години ги чува во тајност имињата на предлагачите и имињата на неуспешните кандидати.

Сепак, предлагачите имаат право да ги соопштат своите номинации пред јавноста. Добитниците на Нобеловата награда за 2021 година ќе бидат објавени во октомври.

Scroll to Top