„Не остави кога беше најпотребно“, полубратот го оцрни Барак Обама во новата книга

Полубратот на Барак Обама, Малик Обама го оцрни поранешниот американски претседател во своите мемоари. Тој напиашл дека Барак бил ладен и крут кон нив и дека го оставил семејството кога им бил најпотребен.

„Барак Обама е ладен и окрутн кон семејството, сака луѓето да го обожаваат“, напишал Малик во своите мемоари, во кои ги изнел некои од семејните тајни.

Во своите мемоари, „Големиот зол брат од Кенија“, тој открива голем број детали за некогашниот американски претседател.

„Се збогати и стана сноб“, пишува Малик.

„Стана еден вид на човек кој сака луѓето да го обожаваат. Јас тоа не го работев. Јас сум му постар брат“, напишал Малик во својата книга.

Тој вели дека неговите односи со Барак Обама се влошиле кога ја поддржал кандидатурата на Доналд Трамп за претседател во 2016 година, против Хилари Клинтон.

Двајцата првпат се виделе во 1985 година, три години откако починал нивниот татко, Хусеин Обама Сениор, кој бил висок претставник на владата во Кенија.

Малик, кој живеел во Кенија, а подоцна се преселил во САД, му бил кум на братот Барак, на неговата венчавка во 1992 година. Тогаш односите со него биле топли, вели тој.

„Ситуацијата се промени откако Барак беше одбран за претседател во 2008 година, особено кога му реков дека планирам да основам фондација наречена по нашиот татко. Се скаравме преку телефон поради тоа. Инсистираше да не го правам тоа и да го затворам сајтот на фондацијата. Ми се закани дека ќе ме отфрли, ако го направам тоа“, пишува Обама постариот.
Тој откри дека Барак му кажал дека нивната тетка, Хава Аума Хусеин, единствениот близок роднина на нивниот татко, нема да биде поканета на претседателската инаугурација.
„Кога Барак ја посети Кенија во 2015 година, на семејната вечера, му апелирав да му помогне тетка ни, која живееше во сиромаштија, во куќата која се рушеше и во која продаваше јаглен за да го издржи семејството. Таа сакаше Барак да ѝ помогне, да и изгради куќа. Му кажав дека најмалку тоа ѝ го должи, но ми кажа дека бил шворц“, пишува Малик Обама.
Малик вели дека неговиот полубрат го разочарал и кога донирал 5000 долари за погребот на нивна роднина, Зејтуни Онјанго, која живеела нелегално во Бостон.
„Моравме да ги платиме сметките и трошоците за пренос за Кенија. Се состанов со Барак во Овалната соба за да разговараме за тоа и тој ме праша колку пари треба да даде. Му реков 20.000 долари, а тој ми одговори дека тоа е премногу“, пишува Малик Обама.
Малик додава дека семејството месец дена собирале пари за да ги исплатат трошоците за погребот на нивната тетка.
„Таа стварно беше добра кон него. Не разбирам како некој може да тврди дека ѝ е близок роднина, а да се однесува на начин како него, да биде ладен, крут кон семејството и да му го сврти грбот“, напишал Малик.
Тој го критикувал неговиот брат во мемоарите и вели дека лажел кога напишал дека нивниот дедо не бил уапсен во 1949 година, од страна на британските колонијални армии.

 

 

 

Scroll to Top