Не се откажала од синот и покрај тоа што лекарите ја советувале да абортира

Малиот Броди е роден со деформитет, а докторите им препорачале на родителите прекин на бременоста. Во периодот додека се исчекува дете најголемиот страв кај повеќето родители е дека нешто може да не биде во ред.

Токму со ваква ситуација се соочиле Сара Хелер и Крис Ејдам кога во 24. недела од бременоста на ултразвук виделе како ќе им изгледа нероденото дете, момчето кое го нарекле Броди.

Лекарите дури ги советувале родителите дека абортусот е вистинското решение затоа што на ултразвук јасно можело да се види дека бебето ќе биде родено со расцепена уста и непце, поради што ќе има голем број други здравствени проблеми.

Но, младите родители од Омах во американската сојузна држава Небраска се одлучиле да го задржат и покрај лошите прогнози на лекарите и потешкотиите со кои во иднина требало да се соочат.

За нивниот син да биде прифатен во општеството, родителите постирале негови фотографии на социјалните мрежи, а целта им била да ја поттикнат свеста за децата родени со ваков деформитет на лицето. Набрзо луѓето почнале да разбираат за што станува збор, па многумина од нив уплаќале пари на сметка на родителите за да им помогнат во лечењето на Броди.

Happy #smileversary to my baby boy!

A post shared by S A R A + B R O D Y (@saheller) on

Момчето по неколку месеци било подложно на операции на лицето, денес изгледа сосема нормално, а лузните речиси се невидливи.

Saturday snuggles with my sweet boy!

A post shared by S A R A + B R O D Y (@saheller) on

Beautiful weather = happy Brody!

A post shared by S A R A + B R O D Y (@saheller) on

Scroll to Top