Катарина Јоанида за кратко време стана хероина во Грција, откако беше видена како ги гаси пожарите кои зафатија големи делови во земјата. Таа беше снимена во петокот додека го гаснеше пожарот во Афиднес со своите колеги.
Таа е родена во Пиреја и со години работи во секторот за цивилна заштита како доброволен пожарникар. Активно волонтира од својата 15. година.
„Не се плашам од огнот и давам сè од себе, бидејќи знам дека колегите нема да ме напуштат, исто како што и јас нема да ги оставам“, рече Катарина.
Досега две лица загинаа во пожарите кои го зафатија овој регион. Еден од нив е пожарникар (38) кој вчера им подлегнал на повредите со кои се здобил од удар на комунален столб кој паднал врз него во преградието на Атина, пренесуваат светските медиуми.
Моментално има 154 активни пожари низ целата земја, а надлежните постојано апелираат до жителите да ги напуштат своите домови. Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека топлотниот бран ја претвори земјата во буре барут.