Не смее да се омажи и да има семејство додека не замине на Марс

Додека повеќето луѓе може само да сонуваат за тоа да патуваат на Марс, една девојка од Луизијана набргу ќе го оствари овој сон.

Алиса Карсон (17) од Луизијана се обучува во НАСА да стане астронаут. Нејзиниот сон е да биде првата личност што отпатувала на Марс и се надева дека ќе биде во првата човечка мисија, која е планирана за 2033 година. За вакво нешто првпат сонувала кога имала само три години.

Мисијата е дел од напорите да се создаде човечка колонија на Марс, која би можела еден ден да го спаси нашиот вид.

Алиса има сѐ што е потребно за да ја оствари својата цел. Таа е првата личност што ја завршила НАСА пасош-програмата и е првата што дипломирала на академијата Advanced Possum, со што добила службен сертификат дека може да влезе во вселената и да стане астронаут приправник.

Освен обуката за астронаути, таа успеала да ги заврши и сите обврски во училиштето, и тоа на четири јазици (англиски, кинески, француски и шпански).

„Најголемиот предизвик ми е времето додека ги извршувам обврските во НАСА и паралелно одам на училиште. Но, засега добро се снаоѓам“, изјавила Алиса.

Stay tuned for more pictures and me on the Pickler and Ben show coming soon!!

A post shared by Alyssa Carson (@nasablueberry) on

Таа е свесна дека нема право да се венча и да основа семејство, но разбира дека е потребно тие работи да ги остави на страна додека не го оствари својот сон.

Покрај студирањето и обуката, Карсон исто така е јавен говорник и сака да ги заинтересира луѓето да ја истражуваат вселената, но и да ги охрабри да посегнат по своите сништа.

 

Покрај студирањето и обуката, Карсон исто така е јавен говорник и сака да ги заинтересира луѓето да ја истражуваат вселената, но и да ги охрабри да посегнат по своите сништа.

 

 

 

 

Scroll to Top