Неделен хороскоп од 15 до 21 март: Романтична недела за Рибите, семејни проблеми за Девицата

Овен

Оваа недела малку поработете на комуникацијата со цел хармонијата во семејството да ја задржите на нивото од минатата недела. Што се однесува на саканото лице, се ќе биде во ред, но внимавајте на некои ваши потези со кои непотребно го малтретирате партнерот. Вашата дружељубивост ќе ви отвори некои нови патишта и ќе ве доведе до остварување на некои поранешни многу добри идеи. На работа ќе се чувствувате пријатно, па извршувањето на задачите нема да ви биде тешко. Полни сте со позитивна енергија, но сепак не заборавајте на одморот.

Бик

Ќе бидете расположени за љубовно дружење со партнерот, па ќе посакате цела недела да си ја поминете сами, подалеку од сите. Иако времето ќе ви биде ограничено, сепак секојдневно ќе наоѓате по неколку саати за заедничко уживање. Интелектуално сте многу силни и подготвени за сите работни предивици. Не се плашете од противникот ако сте го обавиле својот дел од работата. Некоја личност од деловниот свет ќе ви стане добар пријател. Најдете време за одмор.

Близнаци

Семејството ова недела можно е да ви прави проблеми. Ќе ви се чини дека сите нешто бараат од вас, а вие го немате тоа право. Партнерот, како и секогаш ќе ве посоветува што да направите, бидете трпеливи со него, тој не е виновен. Уживајте во заедничките мигови кои оваа недела ќе бидат во поголем број. Нема да биде потребно премногу да се оптеретувате со работните обврски, веќе сте ја сфатиле суштината на работата, па со мали потези ќе решавате големи задачи. Ве очекува напредување и подобрување на ситуацијата. Не консумирајте алкохол и брза храна, одмарајте за да се наполните со енергија.

Рак

Љубовните односи ќе бидат онакви какви што сакате. Пред крајот на неделата би можеле да се појават мали несогласувања со партнерот, но смирете се и решете ја ситуацијата темелно. Оваа недела ќе забележите подобрување, сите ваши постапки ќе ве доведат до поповолна позиција. Неколку деловни понуди ќе пристигнат до вашата адреса, а вие како да сте ги очекувале ќе се ангажирате со сите сили. Само напред, верувајте во себе. Нездравиот стил на живот ќе го наплати својот данок.

Лав

Полни сте со енергија и сакате да им ја покажете на другите. Оваа недела ќе му доверите многу нешта на партнерот. Ќе зрачите со еротска енергија, но внимавајте на постапките. Ќе запознаете многу интересни лица. Ова би можела да биде прилично интересна недела. Ќе стекнете полно нови познанства. Ќе имате многу разговори поврзани за работата. Имате неколку шанси да отпатувате и работите во странство, сепак внимавајте на љубоморните лица кои можат да ви ги расипат шансите.

Девица

Оваа недела би можеле да имате потешкотии во односите со семејството. Ќе имате засилени деловни обврски кои нема да ви остават доволно време за блиските лица. Сочувајте малку енергија за да им се посветите на блиските, барем оваа недела. Планетите ви овозможуваат деловна недела од соништата. Немојте да заборавте дека вашите соништа секогаш значат дека ќе имате и многу обврски. На финансиското поле се ќе се одвива според вашиот план, па така, ве очекува дополнителна заработка без голем труд. Можни се проблеми со забите.

Вага

Венера ви носи емоционален немир кој ќе се појави доколку не можете да се изразите на ваш начин. Таквата ситуација нема да потрае па затоа не си ја одземајте енергијата размислувајќи за пречките. Сонцето во вашиот знак во втората половина од неделата ви носи доза на активност, авантура и се она што го посакувате во деловното поле. Искористете го Сонцето во вашиот знак и освојте ги сите околу вас.

Скорпија

Венера ве доведува во ситуација во која сакате да направите многу нешта, но имате премалку време, пари или нешто што ви е потребно за да постигнете се. Ова е период во кој е потребно малку повеќе да си се посветите самите на себе и да размислите што планирате понатака на љубовното поле. Искористете ја оваа недела за да ги завршите сите недовршени работи и малку да размислите за насоката во која сакате да се движи вашата кариера. Најдете време за одмор и полнење на батериите. Уморни сте и исцрпени. Би требало да го проверите вашето здравје. Направете крвна слика.

Стрелец

Ќе барате многу од вашиот партнер, па тоа е можно да ве доведе до некои непотребни конфликти. Доколку слушнете нешто лошо за вашиот партнер, не го напаѓајте веднаш, потрудете се искрено да разговарате за тоа. Оваа недела бидете многу внимателни кога станува збор за финансиите. Можно е да се доведете во незавидна положба од која за да излезете ќе ви биде потребен подолг период. Ќе бидете цел на некои нечесни лица. Можни се проблеми со грлото.

Јарец

Планетарната енергија ве охрабрува да ја преземете ситуацијата во свои раце и да искористите се што ви се нуди. Друштвените односи нема да бидат толку стабилни како вообичаено, па така нема да имате поддршка од блиските лица. Сатурн во вага ви носи намалена поддршка на деловен план. Сепак немојте тоа да го прифатите трагично. Станува збор за некои нешта кои реално се потрошени и треба да ги промените. Не гледајте се низ призма на парите. Малку сте уморни од се, ќе имате проблеми со енергијата.

Водолија

Пречките на кои ќе наидете во љубовниот живот се резултат на вашите стравувања и размислувања кои се менуваат секој момент. Сами си создавате проблеми. Намалете ги емоциите за нетолку важните работи, бидејќи ве принудуваат погрешно да постапувате. Во деловниот свет комуникацијата нема да ви биде проблем. Доколку се појават проблеми слободно ќе можете да се потпрете на колегите и соработниците. Направете план за штедење. Здравјето не е најдобро, можна е настинка поради намалениот имунитет.

Риби

Ова ќе биде многу страствена и романтична недела за вас. Венера ќе ви донесе сексуална енергија и шарм. Ќе се чувствувате одлично во кругот на семејството и пријателите. Јупитер, вашиот владетел ви носи придвижување на сите полиња. На деловен план ќе успеете да ги завршите сите задачи. Сите фрустрации и финансиски проблеми ќе бидат одлично решени. Веројатно ќе биде потребно да направите некоја паметна проценка, не брзајте, дадете си повеќе време.

Scroll to Top