Неделен хороскоп од 27 август до 2 септември

Овен

Упорните и добронамерни совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност што ја почитувате ќе предизвикаат голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност.

Бик

Љубовта ви се нуди на сите страни, а на вас останува да го изберете она што најмногу ви одговара. Ви одговара врска со водените знаци: рак, скорпија или риби. Што се однесува на професионално поле, работите нема да се одвиваат баш онака како што сакате, но потрудете се да го извлечете најдоброто од себе.

Близнаци

Не оценувајте ги луѓето според изгледот, бидејќи понекогаш изгледот е само површна работа. Потрудете се повеќе да го запознаете вашиот партнер доколку сакате да се впуштите во сериозна врска. За оние кои не се во врска, среда е поволен ден за запознавање нова личност од спротивниот пол.

Рак

Поради важни ситуации во вашиот живот, можно е да бидете принудени да направите големи трошоци. Внимавајте на здравјето, посебно на стомачните проблеми, кои секојдневно ги имате, а кои притоа ви создаваат внатрешна нервоза.

Лав

Ве очекуваат многу активни денови на работа оваа недела, па затоа е можно малку да изостанувате од средбите со пријателите. Но, за време на викендот, надоместете и поминете луда вечер со нив. Вашиот среќен ден неделава е петок.

Девица

Уште од почетокот на неделата ќе почувствувате позитивна промена во вашиот љубовен живот. Ќе почне да ви се допаѓа некоја личност за која претходно сте мислеле дека не е ваш тип. Уживајте во деновите со добро расположение и релаксирајте се со музика.

Вага

Неделава искористете ја за извршување на секојдневните обврски, бидејќи премногу се релаксиравте за празниците. Средбата сo вашиот поранешен партнер не сфаќајте ја премногу сериозно, не дозволувајте тоа да ве растревожи.

Скорпија

Доколку чувствувате монотонија во вашиот брак или долга врска, тогаш разговарајте со партнерот и кажете му ги вашите незадоволства. Направете го тоа во ден кој ќе биде поволен за тоа. Внимавајте на здравјето и редовно одете на рутински преглед кај лекар.

Стрелец

Не очекувајте да ослабете доколку се изгладнувате. Така вашето организам ќе има недостиг од храна и секојдневно ќе бидете уморни. Наместо тоа, почнете да вежбате и јадете умерено. Некој од вашите пријатели ќе сака нешто да ви каже, сослушајте го.

Јарец

Вашиот социјален живот полека опаѓа. Потрудете се да бидете што покомуникативни и пољубезни за да запознаете нови, интересни луѓе. Можно е оваа недела да дознаете нешто што воопшто не го очекувате, затоа подгответе се. На љубовно поле за сега сѐ е во ред.

Водолија

Не избрзувајте со одлуките кои ги донесувате бидејќи една погрешна одлука може да ве чини многу. Внимателно разгледајте ја можноста за купување  нова куќа или стан, доколку вашите финансии се на задоволително ниво.

Риби

Внимавајте како ги трошите парите, бидејќи ако вака продолжите, нема да можете да си го дозволите одморот што толку го посакувавте. Првиот дел од неделата ќе имате можност да ги докажете своите квалитети на професионално поле.

Scroll to Top