Негативното влијание на ретроградниот Меркур врз хороскопските знаци

Иако ретроградниот Меркур влијае негативно на сите хороскопски знаци, овој пат четири од нив ќе се соочат со најголеми предизвици, велат астролозите. Ретоградното движење на Меркур започна на 18 јуни, а ќе трае до 12 јули.

Овен

Овој ретрограден Меркур ги менува работите од корен за овните. Можно е да се соочите со несигурност во однос на работата, па затоа ќе биде важно да ја контролирате својата импулсивна природа овој период и да не направите поголем хаос. Не донесувајте големи одлуки во овој период и трудете се да не ве водат емоциите, туку разумот. Прво најдете го својот баланс, а дури потоа делувајте.

Рак

За раковите доаѓа до збунетост и хаос на лично поле. Ќе ви биде тешко да ги видите јасно работите, но и да се претставите себеси во вистинско светло. Можно е замаглување на вашиот начин на расудување, па затоа треба да бидете внимателни со секоја одлука и секој збор кој им го кажувате на другите. Одложете ги сите важни одлуки за во јули.

Вага

За вагите доаѓа до криза на идентитетот. Вагите се познати како големи дипломати, но овој период нема да биде така лесно да го најдете својот баланс. Можно е да дојде до промена на вашите лични филозофии, па дури и расположение. Соочете се со важните работи во вашиот живот дури по 12 јули.

Јарец

Комуникацијата станува многу важна за јарците, овој период. Тоа е така бидејќи сите односи се ставаат на тест. Ќе се запрашате што се случува со вашите пријателства и врски со другите, а можно е и навраќање на некои проблеми од минатото. Ќе бидете особено чувствителни во однос на тоа како се поставувате кон другите, па затоа не ги сфаќајте работите премногу лично.

Scroll to Top