Необични навики на некои од најпознатите светски писатели

Не е тајна дека многу великани на светската книжевност имале во најмала рака ексцентрични навики. Ако ве интересира што било чудно во однесувањето на Вирџинија Вулф, Франц Кафка, Џејмс Џојс и други познати писатели, продолжете со читање…

Вирџинија Волф

Познатата англиска писателка на почетокот на својата кариера пишувала романи стоејќи. Таа на тој начин сакала да ја имитира својата сестра уметница, која исто така стоела додека сликала.

Џејмс Џојс

Славниот модернист ги пишувал своите дела во кревет, и тоа додека лежел на стомак. Имајќи предвид дека имал доста слаб вид, тој користел боички за да нагласи одредени делови од текстот.

Фридрих Шилер

Шилер сакал да пишува доцна навечер. За да остане буден, тој имал обичај да ги стави нозете во сад полн со ладна вода. Познатиот германски поет, драматург, филозоф и историчар имал само уште една чудна навика. Тој, имено, во фиоката од својата маса држел гнили  јаболка. Нивниот мирис наводно го мотивирал да пишува.

Џорџ Гордон Бајрон

Лорд Бајрон имал вистинска мала зоолошка градина на својот дом. Според наводите на Перси Шели, на неговиот имал имало осум кучиња, три мајмуни, пет мачки, неколку пауни, орли, врани и соколи, а се верува дека во еден период од животот, Бајрон имал мечка за милениче!

Александар Дима

Славниот француски писател своите романи ги пишувал на сина хартија, розовата ја користел за есеи и натписи, а жолтата била резервирана за поезија.

Франц Кафка

За да си го разбистри умот, авторот на романот „Процес“ вежбал гол, и тоа пред својот прозорец!

Оскар Вајлд

Вајлд сакал да ги шокира своите сонародници, па така во повеќе наврати шетал со јастог на подводник низ улиците на Лондон.

Scroll to Top