Непал од есен повторно ќе дозволи качување на Монт Еверест

Непал објави дека од есен повторно ќе ги отвори Хималаите, вклучувајќи го и Монт Еверест, за да ја поттикне економијата во земјата која во голем дел зависи од туризмот. Непал, каде што се наоѓаат осум од 1-те. највисоки планини на светот, ги забрани искачувањата во март за да се спречи ширењето на коронавирусот. Во земјата досега се заразиле речиси 20.000 луѓе, а починале 52.

„Повторно ќе го дозволиме планинарењето и ќе почнеме да издаваме дозволи за есенската сезона. Планинарите ќе мора да ги следат здравствените протоколи издадени од владата“, изјавија од непалското Министерство за туризам.

Есенската сезона на искачувања трае од септември до ноември. Непал оствари милионски загуби поради откажувањето на популарната пролетна сезона во април/мај, што погоди стотици странски планинари и 200.000 шерпаси и водичи.

Scroll to Top