Нептун Македонија ДОО – најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, телевизори, смартфони, ИТ уреди, гејминг опрема и уреди за ладење и греење, присутна е 22 години на македонскиот пазар, со 25 продажни салони во 21 град во Македонија, и со 415 вработени.
По повод 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот, Компанијата ќе го посвети целиот месец мај на своите вработени, кои со своето долгогодишно искуство, врвно познавање на бенефитите од производите, искрено и објективно советување на купувачите – стекнаа доверба кај истите на ниво на експерти за технологија.
Овој месец, промотивните производи се препорачани од нив – нашите и ваши ЕКСПЕРТИ!
Експертите ви подготвија пет промоции за различни продуктни категории.
ИТ експертите ги селектираа најдобрите лаптопи и ИТ уреди за бизнис и гејминг, оние за комуникациска опрема понудија експертиза за купување на најновите и најдобри смарт телефони, додека аудио и видео експертите направија ретроспективна понуда на најпродаваните телевизори – со одлични happy цени.
Од експертите за бела техника, креирана е одлична понуда на најбараните апарати за домаќинство од најдобрите и најквалитетни брендови, со можност за плаќање до 60 рати со happy кредитот, а трендовските мали апарати за домаќинство и апарати за лична нега и убавина, ви ги понудија по супер цени.
“За нас како бренд кој постои на пазарот 22 години и сме лидери на пазарот за продажба на апарати за домаќинство најбитно ни е купувачкото искуство, а купувачкото искуство најмногу зависи од човечкиот фактор или поточно речено од нашите 415 вработени. Нивната посветеност, искуство, знаење, љубезност се клучни за врвно купувачко искуство. Континуирано инвестираме во човечките ресурси со бројни обуки, семинари, посети на саеми со кои сакаме да ги мотивираме вработените што повеќе да учат за технологиите кои ги нудат и продаваат на нашите клиенти. Овој месец по повод Денот на трудот одлучивме промоциите да ги подготваат нашите продавачи кои директно секојдневно се во комуникација со нашите клиенти, бидејќи тие најдобро ги знаат нивните потреби и она што сакаат да купуваат, кои брендови, кои производи и кои модели од сите продуктни категории. Се надеваме дека овие промотивни и препорачани понуди ќе им се допаднат на нашите клиенти и ќе бидат задоволни од предлозите на нашите експерти. Проверете ги понудите и препорачаните производи од нашите експерти на нашата веб страна https://www.neptun.mk/ или на NEPTUN мобилната апликација.
Би сакал да напоменам дека изминатиов период во време на пандемија тие се оние кои се најизложени од целиот тим на Нептун. Ризикот од изложеноста е огромен и би сакале и јавно да им се заблагодариме на сите наши вработени кои несебично се залагаат компанијата да функционира и во вакви вонредни состојби. Воедно, од името на Нептун Македонија и целиот наш тим им го честитаме празникот 1-ви Мај на сите граѓани на нашата држава со искрени желби за добро здравје и што побрзо да излеземе од глобалната здравствена криза.” – Изјави г-дин Горан Цветинов – Генерален Директор на Нептун Македонија.
„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.