Несмртоносно оружје на Пентагон што може да го полуди непријателот

Пентагон работи на нов вид оружје со несмртоносно дејство кое, според пишувањата на магазинот „Популар механикс“, е  чудно и мистериозно.

Воени научници планираат да употребат ласери кои на голема оддалеченост можат да произведат ефект сличен на човечкиот глас.

Овие гласови би биле користени за „психолошки операции или едноставно за полудување на непријателот“, пишува Кајл Мизоками.

Деталите за „ласерскиот индуциран плазма ефект“, како што е наречено новото оружје, се објавени  на сајтот Defense One.

Оружјето функцира на начин на кој ласерот наречен фемтоласер создава топка од плазма која потоа го погодува другиот ласер – нанолаер.

Благодарение на одредена бранова должина, наноласерот доведува до тоа плазмата да произведува и светлина и звук. На објавената видеоснимка може да се слушне звук сличен на човечко брборење, а Пентагон смета дека ќе може да произведе зборови во рок од три години.

На втората снимка може да се слушне како ласерот произведува звук сличен на експлозија со заслепувачки гранати.

Плазмата исто така може да се манипулира за да произведе топлина, нешто што не може да се види на снимката на која е запалена воена униформа, пишува „Арс техника“.

Палењето во теорија би можело да се изведе од оддалеченост од неколку километри, со тоа што лицата меѓу оружјето и целта ќе останат неповредени.

Научниците наведуваат дека новото оружје би можело да се користи и со  цел да предупредат за луѓе кои се приближуваат до воените контролни пунктови.

Scroll to Top