Невеста во инвалидска количка го расплака саканиот, откако зачекори кон олтарот со помагало

Невестата Челси Хил (29) од Лос Анџелес за време на свадбената церемонија му приреди специјално изненадување на саканиот. Таа веќе 11 години е во инвалидска количка, но успеа да се исправи и да чекори до својот избраник кој ја чекаше пред олтарот со помош на помагало.

„За овој момент сакав да направам нешто за кое отсекогаш сонував“ , изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsie Hill (@chelsiehill)

Нејзиниот избраник Џеј се расплака кога ја забележа својата идна сопруга.

Таа се парализирала од половината надолу откако доживеала страшна сообраќајна несреќа во 2010 година. Сега, за првпат по една деценија, повторно зачекори со помош на протези за нозете и помагало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsie Hill (@chelsiehill)

„Цел живот си замислував дека стојам до мојот сопруг на свадбениот ден. По несреќата, не знаев дали ќе најдам некој кој ќе ме сака вистински. Ти целосно ме прифати и го обожаваше секое делче од мене. За овој момент денес, сакав да направам нешто за кое отсекогаш сонував. Да стојам покрај тебе додека си ги ветуваме нашите животи еден на друг“, рече Челси во својот говор.

@ashajpgshe said she dreamed of the day she’d look her husband in the eye on their wedding day, and she did that 🥺♬ In This Shirt – The Irrepressibles

Челси танцувала од 3-годишна возраст, но и покрај тоа што сега е во инвалидска количка, таа продолжи да ја следи својата страст. Таа е основач на танчарски клуб за лица во инвалидски колички „Rollettes“.

Таа му подготви специјален танц на Џеј, а претходно танцуваше и со својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsie Hill (@chelsiehill)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsie Hill (@chelsiehill)

Scroll to Top