Нил Јанг, конечно, го објави албумот што го криеше 45 години

Познатиот светски музичар Нил Јанг, конечно, го објави својот албум Homegrown. а кој го сними пред 45 години. Канадскиот рокер го снимал албумот во 1974 и 1975 година, но потоа се откажал од него, оти сметал дека е премногу личен. Албумот го снимал во периодот кога му се распаѓала врската со актерката Кери Снодгрес.

Овој албум требаше да излезе неколку години по Harvest (од 1972 година). Тој е тажната страна на љубовната врска. Штетата беше направена, срцето ми беше скршено. Едноставно, не можев да го слушам. Сакав да продолжам понатаму и затоа го зачував албумот за себе и го складирав, го заборавив. Но, требаше да го споделам, затоа што е навистина убав“, рекол 74-годишниот Јанг.

Тој снимил околу 30 песни во тој период, а на албумот што е објавен сега има 12 од нив.

Scroll to Top