Нилски коњ залутал во Мексико

Мексиканските влсати денеска наведоа дека се загрижени поради нилскиот коњ кој слободно се движи ни мочурушното подрачје на југот на Мексико.

Никој не знае од каде животното пристигнало, поради тоа што Мексико не е природно живеалиште за нилските коњи. Се верува дека досега живеел во езерото во близина на Лас Чопас, во државата Веракуз.

Мексиканската агенција за заштита на животната средина соопштила дека експертите бараат најдобар начин да го уловат и преселат тригодишното животно тешко 600 килограми.

Исто така наведено е дека нилските коњи знаат да бидат агресивни и потенцијално да претставуваат опасност за луѓето и другите животни.

Локалните медиуми за прв пат го забележале нилскиот коњ во јануари, во близина на контејнери. Локалното население толку го засакало животното, што му дале дури и име Тајсон.

 

Scroll to Top