Нокиа 3310 денеска го слави 17. роденден

By

Пред точно 17 години на светскиот пазар беше претставен Нокиа 3310, најиздржливиот телефон на сите времиња. Со продадени 126 милиони парчиња, истовремено, тој е и еден од најпродаваните телефони во светот.

Телефонот кој пред многу години „ги поврзуваше луѓето“ одамна замина во вечноста, пред се заради појавата на „паметните телефони“. Тој доби и ново издание – Нокиа 3310 (2017), но побарувачката за овој телефон е минимална.

Пред Нокиа 3310 компанијата го продаваше моделот 3210, а како наследници на култниот модел се појавија уште седум модели, вклучувајќи го и оној од 2017 година, но никој од нив не го повтори успехот на оригиналниот 3310.

Ќе ви се допадне