Норвешка донесе закон – инфлунсерките ќе мора да нагласат кога фотографиите им се со фотошоп

Норвешките пратеници донесоа нов закон според кој инфлуенсерите и огласувачите ќе мора да нагласат доколку некоја нивна фотографија е фотошоп или со филтер.

Законот е донесен како резултат на повеќегодишни залагања на младински групи и на Министерството за деца и семејни работи, кои повикуваа да се воведат построги мерки поради растечката загриженост за прикажувањето на телото и менталното здравје.

„Нè загрижува културата која креира социјална несигурност, што придонесува за намалување на самодовербата. Со новиот закон, на рекламите и на спонзорираните објави на социјалните мрежи, на кои карактеристиките на телото се изменети со фотошоп или со филтри, тоа ќе мора јасно да се означи. Оние што нема да го направат тоа, ќе бидат казнети“, велат од Министерството.

Како примери се наведуваат зголемените усни, нагласените мускули или стеснетата половина.

Министерството за деца и семејни работи направи истражување, при што е откриено дека повеќе од половина од средношколките во Осло имаат некакви ментални проблеми, а анорексијата е третата најчеста причина за смрт кај млади девојки.

Scroll to Top