Норвешка гради музеј во форма на кит

Во Норвешка ќе се гради нов музеј и едукативен центар, во форма на кит. Данското архитектонско студио „Дорте Мандруп“, ги објави нацртите со новиот изглед на зградата, од каде ќе биде отворена платформа за набљудување на китови.

Центарот ќе биде изграден на островот Андеја, на само 300 километри од Арктичкиот Круг. Местото ќе биде совршено за набљудување на китовите. Станува збор за длабок морски кањон, кој им овозможува на животните да се хранат во близина на брегот.

Одговорните велат дека музејот ќе биде завршен во 2022 година. Од студиото велат дека нивната визија била да креираат место кое ќе се претопи во пејзажот.

„Заоблената структура ќе потсетува на огромна карпа која расте од пејзажот. Зградата е поетска посвета на нејзиното окружување, каде што пејзажот под и над водата е како една континуирана кожа“, вели основачката и креативна директорка на студиото, Дорте Мандруп.

Во нормални околности, околу 50.000 туристи годишно доаѓаат на Андеја за да гледаат китови.

Scroll to Top