Носењето муслимански бурки во Австрија во јавност ќе се казнува со 150 евра

By

Австриската забрана за носење бурки на јавни места стапи во сила уште од минатата недела.

dobivaj vesti na viber

Владата соопшти дека тој нов закон ќе помогне во потврдувањето на австриските вредности и унапредување на интеграцијата и покрај фактот дека во јавноста ретко може да се видат такви покривки за глава.

На жените засега им е забрането да го покриваат своето лице во јавност со носење бурки, кои го покриваат целото лице, и никаб, каде што остануваат непокриени само очите.

Кршењето на законот ќе се казнува со парична казна во износ од 150 евра.

Ова ново правило е дел од интеграцискиот пакет на политика што го иницира конзервативниот министер за надворешни работи и интеграција, Себастијан Курц, во обид да победи на парламентарните избори на 15 октомври.

Народната партија на Курц води на анкетите и 31-годишниот политичар би можел да стане премиер. Неговата изборна кампања е силно фокусирана на ограничување на имиграцијата и растечката исламизација.

Во 2011 година Франција стана прва европска земја која забрани покривање на лицето во јавност. Нејзиниот пример го следеа Белгија, Бугарија и регионот во Швајцарија, Тицино, а Холандија забрани покривање на лицето во јавни згради.

Во април годинава германскиот парламент се одлучи за ограничена забрана која се однесува само за државните и воените службенички.

Европскиот суд за човекови права потврди во јули дека таквите забрани се илегални и го поддржуваат гледиштето дека луѓето треба да си ги гледаат лицата едни на други за да изградат нормални односи и да живеат во демократско општество.

 

 

Ќе ви се допадне