Нов Зеланд е единствената земја која објави дека целосно го елиминира коронавирусот пренесува „Асошиетед прес“.
Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека целта е остварена. Амбицијата, но и стравот дека здравствениот систем нема да може да се носи со прогресивната епидемија, придонеле за победата на ковид 19.
Одговорот на Нов Зеланд на појавата на Ковид-19 и пандемијата е меѓу најуспешниот на светот, пред Кина, Тајван и Тајланд, пишуваат медиумите.
Оваа земја од пет милиони жители, претходно имала 25 смртни случаи меѓу ковид-пациенти и вкупно 2100 заразени.