Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн во интервју за локална станица изјави дека повторно ќе бидат дозволени оргии, според „семафор системот“ на мерки кој ќе започне да се применува во земјата, пренесува „Лед Бајбл“. Таа потврди дека жителите на Оукленд по изолацијата поради коронавирусот, ќе можат повторно легално да организираат најинтимни собири.
Ардерн објасни дека според системот сè е дозволено, од излегувања до оргии, но само ако во просторијата нема повеќе од 25 луѓе.
„Можам да потврдам дека врските на Тиндер се повторно отворени. Тоа не е баш строго вклучено во ‘семафор системот’, но во црвено се дозволени до 25 луѓе“, рекла таа низ смеа.
yeah, but did your PM go on national television to officially announce that *checks notes* orgies can resume? pic.twitter.com/cG4YyIvEZT
— Calliope Ryder (@callioperyder) December 10, 2021
Нов Зеланд се префрли на т.н. „семафор систем“ на мерки, заснован на тоа каде живеат луѓето, односно поделени се во три области: црвена, жолта и зелена. Ваквите мерки се воведени откако се појави најновиот сој омикрон, кој најверојатно е отпорен на вакцините. Премиерката изјави дека властите вредно работат на тоа да го спречат влегувањето на омикрон во земјата.
За потсетување, земјата имаше некои од најстрогите мерки против Ковид-19 во светот во текот на пандемијата и продолжи со строги рестрикции на границите.