Нова шведска книга – „Мојот дедо има четири жени“

Новата книга наменета за деца во Шведска има наслов „Дедо има четири жени“ и претставува уште еден пример на нормализација на шеријатскиот закон додека земјата ја преземаат илјадници муслимански имигранти.

Книгата со  име Farfar Har fyra fruar е објавена на два јазика, шведски и сомалиски, а напишана е за деца од 3 до 6-годишна возраст.

„Асли никогаш не била во Сомалија, но сега конечно отишла таму со татка си за да ги посети деда си и сите свои баби“, се наведува во воведот во оваа книга, која ја напиша Оскар Тримбел и ја објави издавачката куќа „Адлибрис“.

Според шеријатскиот закон, на муслиманските мажи им е допуштено да практицираат полигамија и да имаат четири жени, но не повеќе од тоа. Жената не смее да има повеќе од еден маж.

Друга книга од истиот автор со име Mormor är inget spöke („Баба не е дух“) служи за нормализација за носењето бурки.

„Омар ја поздравува својата баба која доаѓа од Сомалија. Омар на Ноќта на вештерките сака да се маскира како дух, како и секое друго дете. Тој сака да оди со баба си затоа што му е страв да оди сам“, се наведува во воведот на книгата. Се разбира, баба му не треба да се маскира во овој случај.

И покрај многуте земји во Европа кои ги вовеле паричните и затворските казни за полигамија, Шведска ги признава полигамните бракови како законски, а кои се донесени од странство и овозможуваат до четири жени да може да бидат регистрирани како сопружници, пишува Infowars.com.

Околу 30 отсто од луѓето што живеат во Шведска имаат странско потекло, а се смета дека Швеѓаните ќе станат етничко малцинство во сопствената земја во рок од 25 години.

Брзата демографска промена ја отвори земјата, што покажува една фотографија која неодамна предизвика големи контроверуизи. На неа се гледаат деца во основно училиште. Само едно девојче во групата од 10 деца е изворно Швеѓанче и тоа е опкружено со деца имигранти, од кои дури три девојчиња носат хиџаб.

Во меѓувреме во соседна Финска издадена е книга со име „Како да се омажиш за финска девојка“. На насловната страница на книгата е бела девојка во венчаница, која е прегрната со рацето на црн човек.

Scroll to Top