Нова трилогија на „Војна на ѕвездите“

Премиерата на „Епизода VIII: Последните Џедаи“ е закажана за 15 декември. Но, според „Дизни“, „Војна на ѕвездите“ ќе продолжи со нова трилогија. Писател и режисер на новата серија ќе биде Рајан Џонсон.

Новата трилогија ќе биде одвоена од сагата за семејството Скајвокер. „Епизода IX“ се очекува да се појави во 2019 година.

Scroll to Top