Најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ по тренингот во Белград на новинарите им ја соопштил радосната вест, дека повеќе нема проблем со болките во лактот.
„За жал во последните години дена имав доста резултатски осцилации. Во последните месец дена проблемите со лактот се решени, а сега играм без болки. Болките престанаа во текот на турнирот во Мајами. Сега се е во подигнување на формата, се вратија Маријан и Џижи, и многу ми е драго што се со мене. Тие добро ме познаваат и како играч и како личност. Се надевам дека ќе се вратам во нормала во брзо време“, изјавил Ноле.