Познатата италијанска новинарка, родена во Шпанија, Аида Низар, за време на својот престој во Рим направила инцидент поради кој морала да интервенира и полицијата.
Едно од најпознатите ТВ-лица во Шпанија и Италија за време на краткиот претој во Рим, меѓу бројните знаменитости во овој град, избра да ја посети и прочуената фонтана Треви и на крајот да скокне во неа.
На знаејќи дека влезот во фонтаната е забранет, Аида направила неколку фотографии и снимила кратко видео. Набрзо стигнала и полицијата, која брзо го прекинала моментот на забава на новинарката пред бројните туристи.
Аида се правдала дека ѝ било премногу топло, но на местото на настанот била казнета со 450 евра.
Слично се случило и во април кога претседателот на Рома, Џејмс Палот, скокнал во фонтаната затоа што неговиот тим успеа да ја мине Барселона во полуфиналето на Лигата на шампиони. Тој бил казнет со 450 евра, а тимот наредниот ден донирал 230 000 евра за обнова на фонтаната на плоштадот Дл Пополо, кој дневно во Рим го обиколуваат околу десетина илјади туристи.