Ирачкиот новинар Мунтедар ел Зеиди, кој пред 10 години се обидел да го удри со чевел американскиот претседател Џорџ Буш, сега се кандидирал за пратеник на претстојните избори во Ирак.
Изборите во Ирак се закажани за 12 мај, а како што пренесува Еј-би-си, Мунтедар ел Зеиди, кој се кандидирал за пратеник и во 2008 година, за време на конференцијата за новинари во Багдад станал и првин со едниот, а потоа и со другиот чевел замавнал кон американскиот претседател Буш, кој успеал да се помести и да избегне да биде погоден.
На таа конференција Буш говорел заедно со тогашниот ирачки премиер, а ирачкиот новинар веднаш кога се обидел да го погоди Буш, бил совладан од обезбедувањето. Подоцна бил осуден на три години затвор поради навреда.
Казната му била намалена на една година затоа што претходно не бил осудуван.
Зеиди е ослободен три месеци предвреме поради добро владеење, а сега повторно се наоѓа во Багдад, каде што ќе влезе во трката за парламентот за да се бори против корупцијата, како што објавил на „Твитер“.