Новогодишна елка направена од 19.000 празни шишиња од вакцини е хит во Романија

Вработените во вакцинален пункт во Букурешт, Романија, направија новогодишна елка од 19.000 празни шишиња од вакцини.

Идејата за елката ја добиле уште во март, кога се отворил вакциналниот центар. До сега на оваа локација се вакцинирани околу 200.000 луѓе, пренесоа романските медиуми.

„Со оваа елка сакаме да им се заблагодариме на сите што се вакцинираа кај нас и решија да се заштитат себеси но и своите најблиски, рекол еден од медицинските лица за „Еуроњуз Романија“.

Scroll to Top