„Њујорк тајмс“: 150 членови на кралското семејство во Саудиска Арабија се заразени со коронавирус

Во Саудиска Арабија 150 членови на кралското семејство би можеле да се заразени со коронавирус, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори. Весникот истакнува дека еден од принцовите, кој е гувернер на градот Ријад е хоспитализиран.

Кралот на Саудиска Арабија, Салман, е самоизолиран на еден од островите во Црвеното море, недалеку од градот Џеда. Принцот Мухамед бин Салман, исто така се наоѓа во самоизолација, како и бројни министри.

Подготвнеи се 500 кревети наменети за кралското семејство во елитна болница. Претходно во Саудиска Арабија воеден е строг карантин поради коронавирусот. Дозволен е само излегување во аптека или продавници.

Во кралството во моментов има 2795 потврдени случаи заразени со коронавирусот, а починати се 41 лице. Исто така се зборува дека е можна забрана за одење на хаџилак оваа година, поради закана од ширење на епидемија.

 

 

Scroll to Top