„Њујорк тајмс“ за вакцината на „Модерна“, има висока заштита и е ефикасна против коронавирусот

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ пренесе дека вакцината на биотехнолошката компанија „Модерна“ е високо заштитна и ефикасна против заболените со Ковид-19.

Резултатите од анализите овозможуваат сојузните регулатори оваа недела итно да ја одобрат вакцината и почетокот на нејзината дистрибуција во САД, пренесува „Тајмс“.

Агенцијата за храна и лекови на САД има намера да ја одобри употребата на вакцината в петок и на милиони Американци да им овозможи пристап на втората вакцина против коронавирусот.

Рецензијата на Агенцијата за храна и лекови ја потври претходната проценка на „Модерна“, дека нејзината вакцина имала стапка на ефикасност од 94,1% во испитувањето на 30.000 луѓе.

Нуспојавите, вклучително и температурата, главоболката и заморот, биле незгодни, но не и опасни, утврдила Агенцијата.

Вестите стигнуваат во време на рекорден број на случаи на заболени со коронавирус, кои ги наполниле болниците и на сѐ поголемиот број на починати.

Scroll to Top