Нутела добива опасна конкуренција

Со години Нутела кремот ја држи превласта на пазарот на чоколадни кремови. Станува збор за 54% од пазарниот удел, но се чини дека наскоро би можела да добие опасна конкуренција

Познатиот производител на тестенини „Барила“ работи на новиот чоколаден крем кој, како што пишува Quartz, би можел да стане сериозна конкуренција на Нутела. Кремот ќе се вика Crema Pan di Stelle, односно ќе биде тековна верзија на познатите истоимени колачиња Pan di Stelle.

Тоа по што ќе се разликува од Нутела е палминото масло. Додека Нутела кремот содржи палминово масло, кое е контроверзно поради својата улога во масовната дефорестација во југоисточна Азија, Crema Pan di Stelle наводно ќе содржи сончогледово масло и ќе има 10% помалку шеќер од „Нутела“.

Kompanijata „Барила“ игра на картата на патриотизмот, па нивниот крем ќе содржи исклучиво со италијански лешници. „Ројтерс“ пишува дека овој крем ќе содржи и парчиња од колачите Pan di Stelle само за да добие малку крцкавост.

Нутела кремот и употребата на палминовото масло досега се покажале спорни за италијанските потрошувачи, кои како причина ги наведуваат здравствените и еколошките проблеми. Во 2016 година производителот „Фереро“ дури и покрена кампања како би комуницирал со потрошувачите, за да ги убеди дека нивното палминово масло е посебно обработено и безбедно. Тоа сепак не било доволно за сите загрижени потрошувачи.

„Барила“ поради тоа се надева дека успешно би можела да влезе на пазарот со овој производ. Интересно е и времето во кое оваа компанија го најави овој крем. Ова се случува во период кога „Фереро“ најави дека наскоро во продажба ќе пушти нови бисквити полнети со „Нутела“, кои ќе бидат конкуренција на Baiocchi бисквитите наполнети со чоколада која ја произведува компанијата „Барила“.

 

 

 

Scroll to Top