Објавена првата македонска сликовница со специјален фонт за лицата со дислексија

„Тито и Дино“ на Јана Мишо, е првата македонска сликовница изработена со специјален фонт за лицата со дислексиja. Илустрациите ги направи Оливер Коларевски. Во сликовницата е користен кирилскиот фонт DyslexicFZF, кој е специјално изработен од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофски факултет во Скопје за да им се олесни читањето на лицата со дислексија.

Дамјан Николовски од „Ајнштајн“ вели дека објавувањето на „Тито и Дино“ е од големо значење за лицата со дислексија.

„Излегувањето од печат на сликовницата ‘Тито и Дино’ е важно и за нас, како организација што ги застапува правата на лицата кои имаат тешкотии во учењето. Најважното од сѐ е што најголема корист од неа ќе имаат токму учениците со дислексија од раната училишна возраст“, вели тој.

Идавач на книгата е „Арс Ламина – публикации“

 

Scroll to Top