Објавени финалистите за европски автомобил на годината

By

Објавена е листата на седумте финалисти за европски автомобил на годината за 2022, од кои шест се финалисти, а еден е плагин хибриден со електрична верзија, која треба набргу да пристигне, соопшти жирито.

dobivaj vesti na viber

Финалистите што ќе се борат за титулата се: Cupra Born, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia EV6, Peugeot 308, Renault Mégane E-Tech и Škoda Enyaq iV.

Електричните возила земаат сè поголем замав и стануваат сè поважни – и директен аргумент за тоа е токму листата на финалисти што ќе се борат за титулата европски автомобил на годината за 2022.

Сите се електрични возила, освен францускиот автомобил Peugeot 308, кој е веќе достапен во две плагин хибридни изведби. Сепак, според најавите, и од него се очекува да има целосно електрична варијанта.

 Победникот ќе биде објавен на 28 февруари.

Ќе ви се допадне