Обвинителката на Путин доаѓа во Србија, земјата на нејзините предци

Поранешната главна обвинителка на Крим, Наталија Поклонска би можела наскоро да дојде во посета на Србија.

„Би сакала да ја посетам Србија, земјата на моите предци. Кога ќе го знам точниот датум, задолжително ќе ве известам и со задоволство ќе разговарам со претставниците на медиумите и со српските официјални лица. Имам голема желба да ја посетам оваа земја и тука да живеам. Србија е држава која е многу блиска со Русија и е невозможно да се одвои од неа. Мораме заедно да напредуваме и заедно да бидеме се посилни и посилни. И така ќе биде“, изјавила Наталија.

Поклонска не можела да каже од кој дел на Србија потекнуваат нејзините корени, но истакнала дека има голема желба да дознае.

„Знам дека моите предци заминале некаде во Србија на почетокот на Првата светска војна. Нивниот цар Николај Втори ги прифатил и тие се преселиле во Донбас. Таму продолжиле да живеат, но со потекло се од Србија. Од кое село, од кој град, не знам, но ќе се обидам да дознаам“, вели Наталија.

На прашањето на тоа што мисли за тоа што често во овие краишта се изговара дека „Косово е Србија, Крим е Русија таа одговорила:

„Мислам дека двојните стандарди, кои денес се применуваат од страна на некои западни земји, јасно одговараат на тоа прашање. И не може така, тоа не е меѓународно право. Тоа е право на каубоец. Сакам да признаам, не сакам да признаам, барам дозвола да бомбардирам суверена држава, не сакам, не барам. Некој може, а некој не може. Но тоа време е минато, тоа е историја. Тоа е лоша историја и неа треба да ја заборавиме. Мислам дека од кримскиот референдум почнува новата историја во меѓународното право“, изјавила Наталија.

 

 

Scroll to Top