Од коронавирус почина поранешниот американски државен секретар Колин Пауел

Поранешниот американски државен секретар. Колин Пауел, почина на 84-годишна возраст од коронавирус. Веста ја потврдија од неговото семејство.

Пауел беше првиот афроамерикански државен секретар, кој ја водеше американската надворешна политика во последните години од 20 век и на почетокот на оваа година.

Неговата кариера почнува уште од времето во Виетнам. Подоцна стана прв советник за национална безбедност на крајот на претседателството на Роналд Реган.

 

Неговата популарност скокна за време на заливската војна и извесно време во средината на 90-тите, многумина мислеа дека ќе стане првиот црн претседател на Соединетите Американски Држави, пишуваат медиумите во светот.

Scroll to Top