Од просјак до богаташ, некогаш просел за храна, а денес вработува бездомници

Животната приказна на Британецот Дру Гудар изгледа како на филм. Дру вели дека во животот минал низ сито и решето. Од бездомник станал милионер.

Неговата желба да стане актер кај него се појавила уште кога имал дваесетина години. По школата за глума Дру вели дека успеал да се појави во некои помали улоги. Се појавил во филмовите Snatch и About a boy, а ги запознал и некои од светските холивудски ѕвезди како Бред Пит и Хју Грант.

Критиките на негова сметка за глумата целосно го уништиле и му го промениле животот. Дру вели дека останал без пари, а не сакал да се врати кај своите родители. Тој не сакал да им се жали дека животот му е уништен. Тоа за него вели дека било целосен пораз. Останал бездомник и во периодот во 90-тите години живеел во картонски кутии.

Секој ден за него била борба за опстанок. Просел за храна за да може да преживее. Повеќе пати бил претепан од страна на алкохоличари и други бездомници. Спиел на картонски кутии, од спротива на Академијата за актерска уметност во Лондон. Покрај сето тоа, Дру вели дека се борел и со депресијата.

Животот му се променил кога почнал на улица да чисти чевли за да заработи за храна. Дру се сеќава дека морал да биде особено внимателен да не биде уапсен од полицијата. Еден ден еден од неговите постојани муштерии му предложил истата работа да ја работи во неговата канцеларија.

Откако успеал да заработи повеќе пари, Дру се решил да основа своја фирма која ја нарекол „Сјај на сонце и полирање  чевли“. Денес Дру соработува со престижни компани низ Лондон, а голем број  директори и менаџери го набавуваат неговиот сјај за чевли.

Денес Дру заработува повеќе од 250.000 фунти годишно, а повеќето од парите ги дава за добротворни цели. Тоа на што Дру е особено горд е што во својата компанија вработува само бездомници и луѓе со посебни потреби.

Досега има вработено околу 40 бездомници и им оставил избор да одлучат на кој начин ќе сакаат да помогнат во други хуманитарни акции или организации.

Еден од неговите вработени Алан Валтон има 45 години, а претходно вели дека 15 години бил без работа. Имал бројни здравствени проблеми. Алан вели дека Дру, покрај работата му ги вратил надежта и самопочитта и сега почнува да ја гледа својата цел во животот и иднината.

Scroll to Top