Од само една продажба на имотот на Рокфелер заработени 832 милиона долари

Дваесет и два светски рекорда се поставени на аукција во Њујорк во петокот вклучувајќи и 832 милиона вкупни приходи од само една продажба на приватните збирки на уметничките дела и богатството на Пеги и Дејвид Рокфелер.

Предметите на овие двајца покојници се продадени за добротворни цели. Конечниот финансиски резултат на продажбата е одржан во петокот и тој претставува двојно поголем од досегашниот рекорд од 484 милиони долари во 2009 година кога во Париз е продаден имотот на модниот креатор Сен Лоран.

Во петокот биле продадени повеќе од 1.500 предмети, а највисоката цена ја достигнале седум уметнички дела вклучувајќи го и порцеланскиот сервис.

Премија била сликата на Пикасо со голата девојка, со кошница цвеќе, која била продадена 115 милиони долари.

Платното на Моне е продадено 84 милиони долари, што претставува рекордна цена за некоја од сликите на тој уметник. Сликата на која е прикажана жена во турски харем била продадена 80,8 милиони долари.

Сервисот за десерт од 256 парчиња, кој го нарачал Наполеон Бонапатра, е продаден 1,8 милион долари, што претставува светски рекорд за порцелан од 19 век.

Пеги Рокфелер починала во 1996 година, а Дејвид Рокфелер во 2017 година. Тој бил последниот преживеан внук на нафтениот магнат Џон Рокфелер.

 

 

 

Scroll to Top