Од утре ќе бидат пуштени новите пари

Од утре, 15 мај 2018 година, влегуваат во оптек првите полимерни пари , во апоенска вредност од 10 и 50 денари, велат од Народната банка. Истовремено, утре се повлекуваат книжните пари во истата апоенска вредност, односно веќе нема да бидат законско средство за плаќање. Разлика помеѓу новите и страите пари кои се повлекуваат од оптек е материјалот којшто се користи како подлога за печатење. Наместо водениот печат којшто го содржеа книжните, полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари ќе содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливи елементи од нивниот оригинален дизајн. Поконкретно, кај апоенот од 10 денари е претставен стилизиран цртеж на паун, додека кај апоенот од 50 денари има приказ на гравура на рановизантиска монета.Заштитниот конец кај полимерните пари се гледа како испрекината линија, со јасно испишан текст „НБРМ“, додека кај книжните пари коишто се повлекуваат од оптек, тој е вткаен во хартијата и под дејство на светлина се гледа како непрекината линија со јасно испишан текст „НБРМ“.

Scroll to Top