Одигран првиот бадминтон меч во вселената

Руски космонаути и астронаути од Соединетите Американски Држави и Јапонија го одиграа првиот бадминтон меч на Меѓународната вселенска станица (ISS), соопштиле денеска од Руската државна корпорација за космички активности „Роскосмос“.

„За првпат ISS стана место за спорт. Спортисти од Русија, САД и Јапонија се натпреваруваа на вселенскиот турнир“, соопштија претставници од „Роскосмос“, пренесува ТАС.

Во првиот вселенски меч учествуваа руските космонаути Александр Мисуркин и Антон Шкаплеров, кои играле против астронаутите на НАСА, Марк Венди Хај и Јапонецот астронаут JAXA, Норишига Канаиј.

Во вториот меч Американецот Џозеф Акаба го заменил својот колега Венди Хај.

На официјалниот веб-сајт на Националната бадминтон федерација на Русија е наведено дека играните машки дабл мечеви се одвивале според специјални вселенски правила. Резултатот од првиот вселенски меч не е забележан.

Видете:

 

Scroll to Top