Концертите на „Лајбах“ и „Страјк“, кои требаше да се одржат на 22. издание на Таксират, се одложени заради короната, информираат организаторите. За сега не е познат новиот датум на нивното одржување.
„Поради моменталната здравствена ситуација и сè построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22. издание на Таксират Фестивал – концертите на ‘Страјк’ и на ‘Лајбах’ да ги одложиме за поубави времиња, со цел сите кои имаат желба, да можат да присуствуваат“, стои во соопштението.
Билетите остануваат достапни во продажба онлајн, a сите досега набавени билети остануваат валидни за новите датуми кои ќе бидат објавени дополнително. Доколку некој сака да ги врати билетите, тоа може да го направи преку MkTickets и [email protected]