Огромен пајак јаде гуштер двојно поголем од него

Огромен пајак-волк фатил и изел гуштер скоро двојно поголем од него. Фотографиите ги направил Дан Рајан, кој не можел да поверува во гетката. Тој рекол дека најпрво помислил дека гледа стап и лист, а дури кога се доближил сфатил дека огромниот пајак во устата има гуштер.

„Не можев да им поверувам на очите. Беше неверојатно, навистина грозно. Не само пајакот, туку фактот дека мртов гуштер му виси од устата. Беше толку чудно,“ рекол 35-годишниот фотограф за локалните медиуми.

Откако се доближи за да направи подобра фотографија, се исплашил дека пајакот може да скокне и кон него. Пајаците-волци ги има во цела Австралија. Тие се отровни, но не се смртоносни за луѓето.

Scroll to Top