Речиси 80 % од Американците сметаат дека Бајден е новиот претседател на САД

Речиси 80 % од Американците, вклучувајќи и повеќе од 50 % од републиканците, го препознаваат демократскиот кандидат Џозеф Бајден како победник на претседателските избори во САД.

Ова го покажуваат резултатите од испитувањата на јавното мислење, кое го спровеле агенциите „Ројтерс“ и „Ипсос“.

Во анкетата, која е спроведена меѓу саботата и вторникот, 79,7 % од Американците со право на глас веруваат дека Бајден извојувал победа и влез во Белата куќа.

Околу 13 отсто од испитаниците сметаат дека претседателските избори сè уште не се решени. Три проценти велат дека победил Трамп, а пет проценти од испитанциите изјавиле дека не знаат, наведува „Ројтерс“.

Кога станува збор за политичките партии, од испитаните 10 републиканци, околу шест од нив изјавиле дека Бајден победил, а речиси секој демократ кој учествувал во анкетата изјавил дека победил демократскиот кандидат.

Околу 72 % од испитаниците изјавиле дека поразените на изборите треба го признаат поразот, а 60 % од анкетираните веруваат дека ќе дојде до мирна транзиција на власта по истекот на мандатот на Трамп во јануари.

Во анкетата, која е спроведена на англиски јазик во САД, испитани се 1.363 полнолетни Американци. Додека претседателската трка меѓу Бајден и републиканскиот актуелен претседател Доналд Трамп и понатаму е неодлучна во три сојузни држави, Бајден, кому му се потребни 70 избирачки гласови за победа, според последните резултати, кои во вторникот попладне ги објави Edison research, освоил 279 избирачки гласови, а Трамп 214, пренесува „Ројтерс“.

Scroll to Top