„Октоберфест“ нема да се одржи ни годинава поради коронавирусот

By

Најголемиот фестивал на пивото, „Октоберфест“ во Минхен поради пандемијата со коронавирусот нема да се одржи ни оваа година, најави премиерот на Баварија, Маркус Содер.

„Октоберфест нема да биде возможно да се одржи ни оваа година“, рече премиерот на Баварците, Маркус Содер, по консултациите со градот Минхен. Содер, исто така, препорача и другите градови во Баварија што организираат слични настани да се воздржат од организирање прослави.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер рече дека одлуката е донесена токму сега затоа што нема смисла да се чека повеќе со оглед на обемните подготовки што ги бара настанот.

„За мене, тоа е многу тешка одлука“, рече Рајтер.

Одлуката за откажување на годинешниот „Октоберфест” е донесена поради преголемата опасност од ширење на инфекцијата во преполните шатори каде што се одржува фестивалот и покрај очекувањата дека повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани до септември.

„Октоберфест” годинава требаше да се одржи од 18 септември до 3 октомври. Претходните години го посетуваа по шест милиони посетители. Последниот „Октоберфест”, одржан во 2019 година, остварил приходи од 1,23 милијарди евра за градот Минхен.

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven animeheaven boruto: Death Note Episode 37

KissAnime kissanime one piece: Attack on Titan Episode 25